Приказ на предметите според таг: nauka

Во периодот на првите пет месеци од 2019 година младите научници од групата Биоелектрохемија на Факултетот за медицински науки при УГД - Штип, доцент Викторија Максимова и асистентите Милкица Јанева, Софија Петковска, Павлинка Кокошкарова, под менторство на проф. Рубин Гулабоски и проф. Валентин Мирчески, публикуваа пет фундаментални научни публикации во три од десетте највлијателни списанија со импакт фактор од областа на електрохемијата.

Објавено во Наука

Во април 2019 година од страна на тим на истражувачи од Македонија и од Австрија е објавен научен труд за примена на најсовремена сепарациона техника за анализа на траги од биоактивни компоненти во традиционално произведени црвени вина. Студијата е објавена во едно од најпрестижните списанија за аналитичка хемија, Analytica Chimica Acta (IF=5,123).

Објавено во Наука

Во рамките на НАТО проектот со наслов „Теренски детектор за генотоксичност од хемиски, биолошки, радиолошки, нуклеарни и експлозивни направи“ SPS MYP G5266, Факултетот за медицински науки го организираше Вториот тренинг курс и состанокот на кодиректорите на проектот.

Објавено во Наука

На 6 мај оваа година Обединетите нации го објавија драматичниот нацрт-извештај во кој потенцираат дека животот на нашата планета е пред масовно изумирање и дека благодарение на човечките активности во многу блиска иднина би можеле да изумрат околу милиони видови.

Објавено во Наука

Правниот факултет, меѓу другите активности кои ги спроведува по повод одбележувањето на Денот на Европа, на 9 мај 2019 г. во Рим, во соработка со Институтот за меѓународни правни студии при Националниот истражувачки центар во Рим (Istituto Studi Giuridici Internazionali–CNR), организира еднодневен семинар на тема „Европската Унија и решавањето на грчко-македонскиот спор, помеѓу нормативни принципи и двојни стандарди“  (L’Unione Europea e la soluzione della disputa greco-macedone: tra principi normativi e doppi standard).

Објавено во Наука
Страница 6 од 68

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…