Пештерискиот нуркач Џил Хејнерт ги истражува скриените подводни патишта кои минуваат низ нашата планета. Работејќи со биолози, климатолози и археолози Хејнерт ги разоткрива мистериите на животните форми кои ги населуваат најзапуштените места на Земјата и им помага на истражувачите да ја дознаат историјата на климатските промени. Во овој краток говор, нурнете под брановите и истражете ги чудата на внатрешната вселена.

Објавено во Видео вести
Среда, 10 Февруари 2016 00:00

(Видео) Како лета мувата?

Способноста на инсектите да летаат е можеби едно од најголемите достигнувања на еволуцијата. Мајкл Дикинсон зборува за тоа како една обична мува со толку нежни крилја може да лета, пред сè благодарение на интелигентното замавнување и на мускулите за летање, кои истовремено се и моќни и брзи. Но, тајната е неверојатниот мозок на мувата.

Објавено во Видео вести

Овој тајм лапс, инспириран од љубовта кон природата, е креиран по четиримесечно фотографирање на 21 цвеќе, со 200 до 1.400 фотографии од секое цвеќе. Проектот е направен од уметницата Линда Скот.

Објавено во Видео вести
Четврток, 04 Февруари 2016 00:00

(Видео) Од што се плаши Бил Гејтс?

Човекот кој има повеќе од 60 милијарди долари на својата сметка и кој повеќе од половината, до крајот на својот живот, планира да ги инвестира во добротворни цели има свои стравови како и сите нас. Човекот кој направи револуција во употребата на персоналните компјутери во светот сега планира да го промени светот. Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс ги зема заслугите за илјадници спасени човечки животи, особено во Индија и  во Африка, каде што оваа фондација интензивно инвестира во развојот на земјоделието и здравството. Меѓутоа и Бил Гејтс има свои стравови. Неговите стравови се повеќе глобални, стравови од големи катастрофи на човечкиот род, стравови од страшни вируси. Во видеото во продолжение видете кои се стравовите на најбогатиот човек на планетата.

Објавено во Видео вести

Фотографот Камил Симан трага по бури веќе пет години. Во овој говор таа прикажува запрепастувачки, надреални фотографии од разбеснетото небо.

Објавено во Видео вести
Страница 7 од 8

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…