Со читање до лидерство: Повик за презентација на успешни приказни

Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“ објавува Повик за споделување успешни искуства и активности од областа на раната јазична и математичка писменост кај учениците од почетните одделенија. Повикот е наменет за одделенските наставници, претставниците од стручната служба, библиотекарите, директорите на основните училишта, родителите и останатите членови од семејствата и заедницата кои сакаат да споделат лични искуства од успешни активности реализирани во училиштето или во домот, насочени кон подобрување на раната јазична и математичка писменост.

Целта на овој Повик е да се соберат релевантни и позитивни искуства од лица вклучени во процесот на описменување и образование на најмладите ученици.

Повикот е отворен во периодот од 10 мај до 10 јуни 2016 година и се состои од два дела:

1. Повик за споделување успешни искуства и практики во подучување и описменување – Повикот е наменет за сите заинтересирани (одделенски наставници, претставници од стручната служба, библиотекари, директори на основните училишта, родители и останати членови од семејствата и заедницата);

2. Подготовка и реализација на час со примена на сликовници од збирката „Нашата прва библиотека“ – повик наменет за наставници.

Прочитајте повеќе на официјалниот Повик.

Последен пат изменето на Среда, 25 Мај 2016 14:53
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…