Практикантска работа - УСАИД

Македонското здружение на млади правници (МЗМП), во рамките на Проектот на УСАИД за заштита на човековите права, објавува Јавен повик за учество во Програма за практикантска работа за млади правници. Програмата има за цел континуирана и подобрена едукација на младите правници во областа на правната заштита на човековите права.

Услови за учество:

Кандидатите треба да ги поседуваат следниве квалификации:

  • завршени три години студии по право (180 кредити);
  • да покажат интерес во областа на човековите права;
  • основни познавања од областа на заштита на човекови права;
  • познавање на англиски јазик.

Од кандидатите се очекува подготвеност да се обврзат за учество во текот на целокупното траење на циклусот од два месеца практикантство.

За учесниците во програмата е предвиден фиксен месечен паричен надомест.

МЗМП ги повикува сите заинтересирани проактивни млади правници (вклучувајќи и студенти на постдипломски студии по право) да испратат свое резиме/CV и мотивационо писмо (не подолго од една страница), на електронската адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или на ул. Златко Шнајдер 4a-1/3,1000 Скопје, најдоцна до 25 јуни 2016 година.

Во периодот од септември 2016 до јуни 2017 година, Програмата ќе ги опфати следните градови: Скопје, Битола, Штип, Тетово, Гостивар, Кичево, Струга и Струмица. Кандидатите се замолуваат при аплицирањето задолжително да го наведат градот каде што се заинтересирани да ја поминат праксата.

Програмата се спроведува во периодот од март 2015 до септември 2017 година, во соработка со судовите во Република Македонија (основни, апелациони, Управен и Врховен), народниот правобранител, Комисијата за заштита од дискриминација и индивидуални адвокатски канцеларии. Предвидено е секој учесник да помине два месеца практикантска работа во една институција (изборот на институцијата го определува проектниот тим). Истовремено со практикантската работа учесниците посетуваат основна и напредна обука од областа на правната заштита на човекови права, за што се ангажирани домашни и странски предавачи.

Последен пат изменето на Четврток, 02 Јуни 2016 12:42
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…