Оглас за соработници за истражување

Во рамки на проектот „Градење на капацитетите за мрежата ИНФОРМ“, Институтот за демократија „Социетас цивилис“ (ИДСЦС), распишува оглас за тројца соработници на истражување за период од пет месеци. Соработниците ќе бидат вклучени во рамки на Центарот за истражување и Центарот за добро владеење.

Работните задачи ќе бидат изведувани во рок од пет месеци (јуни – ноември 2016 г., 5 работни часови дневно) и ќе опфатат:

  • поддршка во комуникација со вклучените страни во рамки на проектните активности на центрите на ИДСЦС;
  • поддршка во организација на настани;
  • поддршка во собирање на документи и истражувачки податоци за потребите на проектните активности.

Кандидатите треба да имаат високо образование од областа на општествените науки, право или економија (магистерски степен или повисоко).

Заинтересираните кандидати треба да испратат своја кратка биографија (CV) и мотивациско писмо на адресата: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. најдоцна до 10 јуни 2016 г. со назнака: Оглас за соработници на истражување програма ИДСЦС јуни 2016.

Само претселектираните кандидати ќе бидат контактирани и повикани на тестирање и интервју. Заинтересираните можат да ги поставуваат своите прашања на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. најдоцна до 7 јуни 2016 г.

Прочитајте го официјалниот повик за повеќе информации.

 

Последен пат изменето на Понеделник, 06 Јуни 2016 15:57
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…