Конкурс за анимација на сценарио

Првата детска амбасада Меѓаши распиша Kонкурс на кој можат да се јават сите студенти од Универзитетот „Гоце Делчев“, а се однесува на анимација на сценарио и негово претставување во онлајн форма како видеотуторијал.

Конкурсот се распишува во рамките на регионалниот проект „Партнерство за помирување преку ран детски развој и образование во Европа ПРЕЦЕДЕ“, финансиран од Европската Унија преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА) за поддршка на граѓанското општество.

Анимацијата треба да биде во траење од максимум 30 минути, на англиски јазик, согласно со синопсисот/сценариото што е во прилог на овој Конкурс.

Сите детали за заинтересираните ги има погоре во синопсисот и во Конкурсот. Крајниот рок за доставување на анимацијата е 6 ноември 2016 година.

Последен пат изменето на Петок, 07 Октомври 2016 11:53
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…