Стипендии за специјализации во најуспешните германски компании

Германската стопанска комора во Р. Македонија ја спроведува Програмата за стипендии на германското стопанство за 2017 година во својство на локален партнер на Одборот на германското стопанство за источните земји, кој ја раководи Програмата во Германија.

Целта на оваа Програма е да обезбеди специјализации за квалификувани кандидати од Р. Македонија во најуспешните германски компании, во период од 3 до 6 месеци.

Оваа Програма е поддржана од Сојузната Влада на Република Германија и трошоците се покриени од нејзина страна.

Основните услови што треба да бидат задоволени од потенцијалните кандидати можат да се најдат на веб-страницата: www.stipendienprogramm.org.

Рокот на пријавување е до 11 ноември 2016 година.

Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…