Оглас за Фулбрајт програмата за академската 2018/2019 година

Се објавува почеток на поднесувањето на пријави за Фулбрајт студентската програма за академската 2018/2019 година за постдипломски студии (визитинг студенти истражувачи и магистерски студии)

КРАЕН РОК: 31 мај 2017 година.

Подетално за условите прочитајте на:

https://macedonia.usembassy.gov/archives/archive2016/fpc17-18ay.html

Ова е заедничка програма меѓу Стејт Департманот на САД и Владата на Република Македонија.

Услови за квалификација

  • Кандидатот да има диплома за завршено високо образование или да биде запишан на постдипломски студии.
  • Доволно познавање на англиски јазик за да може да студира или да истражува во САД.
  • Кандидатот да е граѓанин на Република Македонија.

Упатство

  • Сите пријави треба да се пополнети на англиски јазик и да се поднесат електронски на https://apply.embark.com/student/fulbright/international/20/.
  • Секоја страна од пријавата има упатство за пополнување, кое треба да го прочитате внимателно пред да започнете со пополнување.
  • Секое прашање мора да се одговори во целост и со внимание. Ве молиме, обидете се одговорите да ги вметнете во предвидениот простор за нив.
  • Пополнетите пријави треба да се поднесат до 31 мај 2017 година.
  • Нема да се прифатат нецелосни пријави.

Повеќе информации на веб-страницата на Министерството за образование и наука.

Последен пат изменето на Понеделник, 06 Февруари 2017 12:59
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…