Стипендии за студирање во Русија

Амбасадата на Руската Федерација распишува Конкурс за прием на државjани на Република Македониjа на студии во високообразовни институции на Руската Федерациjа во 2017/2018 академска година.

На запишаните студенти од Македонија Владата на Руската Федерација ќе им обезбеди стипендија и други услови за студирање и сместување, какви што се предвидени и за руските државјани.

Заинтересирани кандидати треба да ги поднесат следниве документи:

- Пријава (Application Form) со приложена фотографија во боја, пополнета на руски или на англиски јазик;

- Фотокопии од страниците на пасошот со основните податоци кои се потребни за издавање виза. Пасошот треба да има рок на важење не помалку од 18 месеци сметано од денот на првиот влез во Русија;

- Лекарско уверение заверено од официјална здравствена установа;

- Потврда за извршен тест за ХИВ-вирусот заверена од официјална здравствена установа;

- Фотокопија од документот за завршено образование, заверена на нотар, со листа на наставни предмети и оценки од испитите.

Доколку кандидатот сѐ уште го нема добиено документот за завршено образование треба да поднесе уверение со тековни оценки заверено од својата образовна установа.

Кандидатите за аспирантура (постмагистерски студии), покрај горенаведените документи, треба да достават список на објавени научни трудови (доколку има) и краток реферат на руски јазик на тема за идното научно истражување.

Сите документи треба да имаат превод на руски jазик и да бидат заверени на нотар. Шифрите и точните називи на одбраната специјалност за пополнување на пријавата, како и информации за сите државни високообразовни институции на Руската Федерација кои учествуваат во програмата, се достапни на сајтот http://www.russia-edu.ru/.

Пријавата се пополнува во електронска форма и се поднесува со приложување на скенирани (горенаведените) документи непосредно на сајтот http://www.russia.study/ (потребна регистрација).\

Рокот на пријавување е до 26 февруари 2017 година.

Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…