Конкурс за доделување стипендии на Film Academy of Performing Arts (FAMU) во Прага

Министерството за образование и наука за академската 2017/2018 година ќе додели 2 (две) стипендии на додипломски студии - прв циклус од областа на филмската уметност, од посебно научно, образовно значење за Република Македонија, на Film Academy of Performing Arts (FAMU) во Прага, Република Чешка.

I. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА

Право на стипендија има кандидатот кој ги исполнува следниве услови:

1. да завршил средно образование и/или да има запишано IV година средно образование;

2. да биде прифатен од избраната високообразовна установа - FAMU;

3. да не е корисник на стипендија од друг давател;

4. да е државјанин на Република Македонија;

5. да го познава англискиот јазик, односно јазикот на кој се изведува наставата.

Целиот Конкурс можете да го погледнете на веб-страницата на Министерството за образование и наука.

Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…