Конкурс за доделување на 20 целосни стипендии за студии во Унгарија

Програмата Стипендиум хунгарикум (Stpendium Hungaricum) на Владата на Унгарија за академската 2017/2018 година предвидува да бидат доделени вкупно 20 стипендии на кандидати од Република Македонија и тоа:

  • 7 стипендии за додипломски студии по економија, инженерство, технологија, медицина, уметности и природни науки; 
  • 7 стипендии за постдипломски студии по економија, инженерство, технологија, медицина, уметности и природни науки;
  • 2 стипендии за едноциклусни студии од областите од интерес;
  • 4 стипендии за докторски студии од областите од интерес.

Доколку студиите се изведуваат на унгарски јазик, прифатените кандидати треба задолжително да посетуваат едногодишни подготвителни курсеви за изучување на унгарскиот јазик, пред започнувањето на студиите.

Повеќе информации на веб-страницата на Министерството за образование и наука.

Последен пат изменето на Понеделник, 27 Февруари 2017 12:50
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…