Стипендии за студиски престој на високообразовните установи во Република Чешка

Во тек е јавен Конкурс за доделување на стипендии за академската 2017/2018 година за студиски престои на државните високообразовни установи во Република Чешка во времетраење од 2 до 10 месеци.

Стипендиите се доделуваат врз основа на потпишана Спогодба помеѓу Министерството за образование и наука на Република Македонија и Министерството за образование, млади и спорт на Република Чешка за соработка во полето на образованието и се наменети за македонските дипломирани и активни студенти на додипломски студии, кандидати запишани на докторски студии, универзитетски професори, истражувачи и уметници.

Средствата ги покриваат трошоците за школарина, сместување и исхрана.

Подетални информации во врска со потребната документација, критериумите, условите и формуларите за пријавување се достапни на http://www.msmt.cz/eu-and-international-affairs/scholarships-for-the-academic-year-2017-2018 .

Последен пат изменето на Понеделник, 06 Март 2017 10:33
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…