Презентација за Фулбрајт стипендија

Во среда 15 март во предавална 1 на Кампус 2, со почеток во 12 часот, ќе се одржи презентација за Фулбрајт стипендија.

Предавач ќе биде Газменд Иљази, кој е асистент за образовни програми во Амбасадата на САД во Република Македонија и ќе одржи презентација за стипендиите што ги нуди Амбасадата на САД во Република Македонија.

Фулбрајт-студент програмата нуди стипендија за постипломски студии во САД и тоа за три категории на студенти:

  1. Додипломски студенти кои дипломирале или ќе дипломираат скоро и сакаат да магистрираат во САД;
  2. Студенти кои ги имаат запишано нивните магистерски студии во Македонија или некоја друга држава и сакаат да направат истражување за нивната магистерска тема во некои од американските универзитети;
  3. Студенти кои ги имаат запишано нивните докторски студи во Македонија или некоја друга држава и сакаат да направат истражување за нивната докторска тема во некои од американските универитети.

Конкурсот е објавен на следниов линк:

https://macedonia.usembassy.gov/archives/archive2016/fpc17-18ay.html

Последен пат изменето на Понеделник, 13 Март 2017 10:14
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…