ФМН организира обука од областа на денталната медицина

Факултетот за медицински науки при Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип, на 10.4.2017 година, организира обука „Оралнохируршки процедури во менаџментот на флап-дизајн: резенки, инструменти и техники на шиење – основно ниво“.

Со пријавување и завршување на оваа еднодневна обука учесниците ќе стекнат практични знаења од полето на денталната медицина, кои ќе бидат во функција на зголемување на нивните знаења, вештини и компетенции од областа на оралната хирургија.

Секој учесник по завршувањето на обуката ќе се здобие со сертификат за завршена обука согласно со Законот за образование на возрасните („Службен весник на Република Македонија“ бр. 7/2008, 17/2011, 51/2011, 74/2012, 41/2014, 144/2014, 146/2015 и 30/2016).

Предавач ќе биде проф. д-р Цена Димова, професор на Факултетот за медицински науки при УГД. За реализирање на обуката е потребно да се пријават од пет до осум кандидати.

Време на одржување: 10.4.2017  г. – понеделник.

Место на одржување: Факултет за медицински науки, УГД  - Штип. 

Цена: За еден учесник котизацијата изнесува 6 000 денари, плус ДДВ.

Контакт: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Мобилен: 070 338 392.

Пријава(.doc)

Програмa(.pdf)

Последен пат изменето на Среда, 22 Март 2017 15:04
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…