Саем за високо образование во САД организиран во Македонија

Education USA Македонија и Амбасадата на САД во Македонија ве покануваат на Саемот за високо образование во САД организиран во Македонија, кој оваа година ќе се одржи во Скопје, во NOVA International Schools, на 4 април, од 17 до 20 часот.

Претставници на извонредни американски колеџи и универзитети ќе ги посетат Љубљана, Загреб, Сараево, Подгорица, Белград, Скопје и Приштина, како дел од Југоисточноeвропската Education USA тура која се организира по четврти пат, по огромниот успех во 2014 година кога турата привлече над 2 000 посетители. Овој саем претставува можност да се запознаете со претставниците на високообразовните институции и да ги поставите сите ваши прашања поврзани со прием на интернационални студенти и понудените академски програми за додипломски и постдипломски студии, како и за можностите за стипендии и финансиска помош.

Повеќе информации за регистрација на овој саем можете да најдете тука:

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdkE39fft2DkLx_rcG4z9p7j5w733_SUM0TTOM5sarLsNHJdA/viewform

Учеството на саемот е бесплатно, но регистрацијата е потребна поради понатамошна комуникација со потенцијалните студенти, како и за увид во бројот и интересите на заинтересираните посетители.

На саемот во Скопје оваа година ќе се претстават:

Education USA претставува мрежа на повеќе од 400 центри за советување во 170 држави во светот, поддржани од Бирото за образование и култура на Стејт департментот на САД, чија цел е поттикнување на меѓусебно разбирање помеѓу граѓаните на САД и граѓаните на другите држави.

Education USA (http://educationusa.state.gov/)

Последен пат изменето на Петок, 31 Март 2017 12:55
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…