Јавен повик за натпревар за најдобро видео во рамките на националната кампања „Информирај се сега!“

Во рамките на Националната кампања „Информирај се СЕГА!“, Коалиција СЕГА со  младинските информативни и советодавни центри ИНФО СЕГА во Прилеп и во Кавадарци во соработка со Агенцијата за млади и спорт (АМС) и Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип организираат Натпревар за најдобро видео кое најдобро ќе ги прикаже перфомансите на мобилната апликација Млади АМС (Мобилната апликација е достапна на следниот линк).

Наградниот фонд за најдобро видео изнесува 500 евра во денарска противвредност и истиот го доделува Агенцијата за млади и спорт.  

Критериуми за учество:

  • Студенти на возраст од 18 до 25 години;
  • Студенти од сите државни и приватни универзитети во Р Македонија;
  • Студентите можат да учествуваат на натпреварот во тимови или индивидуално.

Начин на пријавување

Заинтересираните студенти/тимови можат да се пријават преку пополнување на пријава за учество најдоцна до 22.5.2017 година достапна на следниот линк.

Пријавените студенти/тимови ќе имаат задача да подготват видео кое ќе биде од едукативен и информативен карактер и најдобро ќе ги прикажува содржините кои се наоѓаат на мобилната апликација за младинско информирање Млади АМС. Видеото може да биде комбинација од три или повеќе од следните дигитални медиумски видови: текст, звук, видео, графика и анимација.

Формат на видеото:

  • Да не биде подолго од три минути;
  • Најдобро да ги прикажува перфомансите на мобилната апликација;
  • Форматот на производот мора да биде компатибилен со YouTube - MP4;
  • Да биде со резолуција HD (720p – 1080p).

Видеатa на натпреварот ќе ги евалуира стручно жири составено од тројца професори на УГД,  еден вработен во АМС и еден од Коалиција СЕГА.

Видеата треба да бидат испратени во MP4 формат на следната  електонска  адреса:  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. најдоцна до 10.6.2017 година.

Сите прашања поврзани со натпреварот може да ги поставите на следниве електронски адреси: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Кампањата „Информирај се СЕГА!“ ја спроведуваат Коалиција СЕГА со младинските информативни и советодавни центри ИНФО СЕГА во Прилеп и во Кавадарци, во соработка со Агенцијата за млади и спорт и има за цел  на младите луѓе да им овозможи безбедно да дојдат до квалитетни интернет информации кои им се потребни и да бидат целосно описменети како дигитални учесници во денешното информатичко општество.

Кампањата „Информирај се СЕГА!“ се реализира со поддршка на Програмата за децентрализирана соработка помеѓу Република Македонија и Регионот од Долна Нормандија во Франција.

 

Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…