Објавен Конкурсот за Еразмус плус за 2017/2018

Вкупно 85 студенти на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип во учебната 2017/2018 година ќе имаат можност да учествуваат во програмата за студентска размена „Еразмус плус“ и да посетат реномирани универзитети во Европа, каде што ќе можат да реализираат и дел од својата наставна програма. Со Конкурсот за Еразмус мобилности, кој го објави УГД, предвидено е 60 студенти да учествуваат во делот од програмата за мобилност, а 25 во делот за студентски обуки (пракса).

Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, врз основа на Еразмус+ универзитетски чартер бр. 256492-EPP-1-MK-EPPKA3-ECHE го распишува Конкурсот за Еразмус+ мобилности за академската 2017/2018 почнувајќи од летен семестар и тоа за:

- студенти на додипломски студии – прв циклус студии, со запишан најмалку трети семестар;

- студенти на втор циклус студии;

- студенти на трет циклус студии.

Право на аплицирање имаат сите редовни студенти на УГД.

Конкурсот е отворен за 60 студентски мобилности и 25 студентски обуки (пракса).

Потребни документи за аплицирање:

-        пополнет образец за студент;

-        фотокопија од индекс за заверен семестар;

-        кратка биографија;

-        мотивациско писмо;

-       две препораки од професори/асистенти;

-       потврда за познавање на странски јазик;

-        копија од сертификати.

Повеќе информации за потребните документи можат да се најдат на овој линк:

http://cmus.ugd.edu.mk/index.html

 

Целата документација треба да биде на македонски јазик. Документите се доставуваат лично во Центарот за меѓууниверзитетска соработка (КАМПУС 2) или по пошта на адреса:

 

Универзитет „Гоце Делчев“- Штип

Центар за меѓууниверзитетска соработка – ЕРАЗМУС +

(КАМПУС 2)

бул. „Крсте Мисирков“ 10-А, п. фах 201

2000 Штип, Р Македонија

 

Електронски поднесените документи нема да бидат разгледувани.

Конкурсот е отворен од 20.9.2017 до 20.10.2017 година.

Последен пат изменето на Среда, 20 Септември 2017 10:46
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…