Презентација на можности за студирање во САД

Одделението за меѓународна соработка при УГД во соработка со Амбасадата на САД во Република Македонија ќе организира презентација на можности за студирање во Соединетите Американски Држави.

Презентацијата ќе биде одржана од Газменд Илази, асистент за образовните програми во Амбасадата на САД во Македонија. Ќе бидат презентирани стипендии за додипломски (Global UGRAD), постдипломски, постдокторски студии (Fulbright student and Fulbright scholar) и многу други образовни (Study of United States Institutes) и професионални можности (Hubert H. Humphrey, Technology innovations and entrepreneurship) за усовршување во најелитните универзитети и институции во САД.

Презентацијата ќе се одржи на 4 мај (петок) со почеток во 12 часот во свечената сала на Земјоделски факултет (Кампус 2).

Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…