Покана за учество во публикација на тема „Миграција и човекови права“

Почитувани студенти,
Во рамките на тековните истражувачки и образовни активности на Доцент д-р Ана Никодиновска Крстевска од Правен факултет, и вон.проф. д-р Јана Јакимовска од Ликовна академија при УГД, подготвуваме публикација на тема Миграција и човекови права, која ќе опфаќа трудови и постери на студенти од двата факултети на горенаведената тема.

За таа цел, ги повикуваме сите заинтересирани студенти коишто сакаат да учествуваат со труд во оваа публикација, да го достават својот ракопис на една од наведените теми:

  1. Миграциската криза – генерални сфаќања и поими
  2. Миграциската криза во Република Македонија
  3. Остварување на правото на азил во Република Македонија и неговите предизвици
  4. Усогласеност на правото на азил во РМ со Европските регулативи
  5. Европското право во материја на миграција и азил
  6. Управување со миграциската криза
  7. Жртвите од миграциската криза
  8. Меѓународна заштита на мигрантите и бегалците
  9. Заштита на деца без придружба од родител/старател
  10. Улогата на невладините организации во миграциската криза
  11. Причини за миграциската криза
  12. Миграција на море
  13. Криумчарење на мигранти и трговија со луѓе
  14. Миграцијата и климатските промени
  15. И други теми коишто се од интерес

Трудовите треба да бидат структурани на начин што ќе има вовед, развој на мислата и продлабочување во тематиката. Во главно не треба да надминуваат 10 страници, но во зависност од обемот и длабочината на темата, може да бидат и повеќе. Може да се користат табели или карти/мапи, но истите да бидат реферерани. Трудовите можат да бидат прегледни или истражувачки, но многу е битно да не се преземаат содржини од други автори, а без истите соодветно да се цитираат. Трудовите ќе бидат рецензирани, и ќе се прифатат оние трудови коишто одговараат на предложените теми и коишто се подобни за објавување. Текстот треба да биде напишан во фонт Times New Roman, големина 11.
Сите што се заинтересирани да земат учество се покануваат да се пријават кај Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. најдоцна до 21.03.2019 г., со цел да се утврдат темите, рокот за доставување на трудовите и сите потребни дополнителни информации.

Со почит,
Д-р Ана Никодиновска Крстевска
Правен факултет,
УГД - Штип

Последен пат изменето на Четврток, 07 Март 2019 15:25
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…