Книжевен клуб „КУЛА“

Филолошкиот факултет при УГД - Штип упатува ПОВИК

ДО СИТЕ СТУДЕНТИ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ - ШТИП

Почитувани студенти,

Ве покануваме активно да се вклучите во формирањето и работата на книжевниот клуб „КУЛА“. Идејата е да создадеме место каде што ќе пулсира културниот, книжевниот и забавниот живот, а вие ќе бидете најсилниот двигател. Тоа треба да биде катче каде што ќе се дружите, творите, креирате, истражувате, ќе разменувате идеи и искуства и ќе создадете пријатна средина за престој.

Ве очекуваме заедно да ја осмислиме концепцијата и да дадеме една поинаква димензија на студентското дејствување.

На 20 март 2019 г. (среда) во 10 часот ве очекуваме во Универзитетската библиотека, Кампус 4.

За сите прашања и коментари обратете се на адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Со почит,

проф. д-р Драгана Кузмановска

декан на Филолошки факултет

Последен пат изменето на Вторник, 19 Март 2019 13:44
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…