Повик за еднократна финансиска помош за студентите

Министерството за образование и наука информира дека во тек е Повик за доделување на еднократна финансиска поддршка на студентите за плаќање на дел од партиципацијата во трошоците за студирање, дел од трошоците за сместување во студентски дом, односно на трошоците за приватно сместување.

Право да аплицираат за една од понудените опции имаат сите студенти чие образование се финансира од Буџетот на Република Северна Македонија, а се дел од семејни домаќинства со низок доход.

Износот на еднократниот финансиски надомест изнесува до 6.000 денари.

Аплицирањето се врши на два начини, електронски или непосредно во Министерството за образование и наука. Прв чекор во процесот на аплицирање е пријавување на кандидатите на платформата www.digitalizirajse.mon.gov.mk, каде што се одбира и начинот на кој ќе бидат доставени потребните документи и формулари (прикачени на посочената платформа).

Повеќе информации околу условите, критериумите, документите и роковите за аплицирање се наведени во Уредбата со законска сила усвоена за реализација на оваа мерка за поддршка на студентите, која е објавена на следниов линк: http://mon.gov.mk/stored/document/Uredba_za_participacija.pdf.

Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…