Повик за учество на Конференција „Младите и животната средина”

На 7 мај 2016 година, Ајде Македонија! и Работната група за животна средина на Мировниот корпус ве покануваат на овогодишната Конференција за обука, која оваа година е на тема „Младите и животната средина”.
Фокусот е на доброволното учество на младите во животната средина и како да се започне граѓанското движење со еколошки цели. Конференцијата ќе се одржи во Меѓународна фондација Борис Трајковски, ул. „29 Ноември“ бр. 17/21, Скопје (спроти Универзална сала), од 9.30 до 14.30 часот. Македонското еколошко друштво, На точак и Екологисти без граници (Ekologi brez meja - Словенија) ќе имаат презентации за граѓанско дејствување, волонтерство и основата на активизмот во животната средина.

 

Конференцијата ќе заврши со активности во работни групи.
Местата се ограничени. Изразете го вашиот интерес за учество преку овој формулар
Учествувајте, научете и споделете идеи за работата на младите во насока на подобрување на животната средина во Р. Македонија.

Последен пат изменето на Среда, 27 Април 2016 14:29
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…