Конкурс „Слободата на изразување во мини-видео“ 2016

Францускиот институт во Скопје, во соработка со асоцијацијата Метаморфозис и регионот Нормандија, го организира второто издание на конкурсот „Моето мини-видео“.

Конкурсот е отворен за младите од 18 до 28 години (по можност франкофони или англофони), кои се интересираат за мултимедијалната сфера (потребно е да имаат смартфон со камера).

Кандидатите треба да имаат желба слободно да го изразат нивното мислење на конкретна актуелна тема, годинава на тема слобода на изразување.

Најуспешните мини-видеа (3 минути) ќе бидат прикажани на новото издание на Фестивалот на француски филм, кој ќе се одржи од 15 до 18 јуни 2016 година.

Победникот на конкурсот ќе биде гостин на фестивалот Off-Court  во Трувил, Нормандија, а воедно ќе добие и подготвителни часови по француски јазик од Францускиот институт во Скопје.

Две подготвителни работилници ќе се одржат на 12 и 13 мај 2016 г., а се наменети за селектираните 15 кандидати со цел да им се дадат упатства за пишување сценарио, за технички совети и практична реализација на видеото. 

Можни работни јазици: француски, македонски, албански и англиски.

Формуларот за учество на конкурсот и на подготвителните работилници треба да се испрати на на следната мејл адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. најдоцна до 6 мај 2016 година.

Кандидатите, коишто имаат желба директно да земат учество во видео-натпреварот, потребно е триминутното видео да го прикачат на YouTube и да го испратат линкот на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. најдоцна до 30 мај 2016 год., заедно со име и презиме на учесникот, возраст, број на телефон и е-маил адреса.

Последен пат изменето на Среда, 04 Мај 2016 12:30
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…