Практикантска работа во ЕВН Македонија

Дали сакате да го доживеете првото професионално искуство? Да научите како да извршувате интересни активности и притоа да докажете дека можете да се воодушевувате и ангажирате? ЕВН Македонија им нуди можност за извршување на практикантска работа на средношколците и студентите за време на летните месеци.

Практикантската програма претставува одлична можност за студентите да се запознаат и да ги истражат потенцијалните работни места во корпоративниот свет и да се здобијат со вредно работно искуство. Создадена е да им помогне да развијат вештини кои се клучни за одредени видови работни места и може да биде одлична можност за проширување на академското знаење.

Апликациите треба да се испратат најдоцна до 10.6.2016 година на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. Во предметот на дописот треба да ја наведете  посакуваната област и град каде што сакате да извршувате практична работа.

Последен пат изменето на Вторник, 10 Мај 2016 09:55
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…