Повик за учество на Работилница за дизајн размислување

Дизајнерките на накит Јана Ацевска и Мима Пејоска организираат дводневна бесплатна Работилница за дизајн размислување (DESIGN THINKING) во рамките на проектот Дизајн предизвик (DESIGN CHALLENGE).

„Дизајн размислување“ односно „DESIGN THINKING“ е пристап користен од страна на креативците низ цел свет, преку кој се решаваат комплексни задачи за да се стигне до свежо, иновативно решение, преку разни системски истражувања и оживувања на имагинацијата.

Работилницата е наменета за сите кои се подготвени на нови креативни предизвици и заинтересирани за запознавање со основите на DESIGN THINKING методологијата, изучување на конкретни DESIGN THINKING методи, техники и вежби и искусување на целиот DESIGN THINKING процес.

Работилницата ќе ја води Сузан Бергер, стручен предавач во школата HASSO PLATNER D-SCHOOL во Берлин, и ќе биде на англиски јазик.

Бројот на учесници е ограничен, а краен рок за аплицирање е 1 јуни. Работилницата ќе се одржи на 11 и 12 јуни од 10 до 17 часот.

За повеќе информации и формата за аплицирање посетете ја официјалната веб-страница.

Селектираните кандидати ќе бидат известени за учеството на работилницата.
Проектот е поддржан од Амбасадата на САД.

Последен пат изменето на Среда, 25 Мај 2016 09:55
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…