Повик за доставување на трудови за Меѓународна научна конференција „Современите концепти на кризниот менаџмент“

Центарот за управување со кризи на Република Македонија, во соработка со Универзитетот „Johns Hopkins“, Факултет за образовни науки (САД), Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип,  Правен факултет (Р. Македонија) и Универзитетот „Kolegji Biznesi“ - Приштина (Р. Косово), поддржано од Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Република Македонија, организира Меѓународна научна конференција на тема „Современите концепти на кризниот менаџмент“, која ќе се одржи на 15 – 16 декември 2016 година во Република Македонија.

Целта на Конференцијата е да се соберат на едно место академската заедница, владините институции, граѓанските организации и приватниот сектор од Република Македонија и од странство, заради размена на мислења и искуства во врска со прашања поврзани со управување со кризни и итни состојби. 

Во прилог на ова известување може да ги најдете Повикот за доставување трудови за учество на Конференцијата и Апликациската форма. Рокот за доставување апстракти е 16 ноември 2016 година.

За дополнителни информации замолуваме да ги контактирате следниве лица:

  • Горан Танов - email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.; телефон: 02/3249 164; мобилен телефон: 075 530 526, 070 279 871;
  • Мирјана Петровиќ – email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.; телефон: 02/3249 162; мобилен телефон: 075 317 745.

 

Последен пат изменето на Четврток, 20 Октомври 2016 11:17
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…