(Видео) Одбележан светскиот ден на науката на Правниот факултет

Со неколку настани денес Правниот факултет при УГД го одбележа светскиот ден на науката, 10 ноември. Промоција на две книги објавени од професори од УГД, промоција на научни резултати од истражување кое го спровеле студентите и промоција на тековен проект што го работи Правниот факултет беа дел од активностите на факултетот за одбележување на денот на науката.

- Ги презентираме резултатите од научноистражувачи проекти кои се спроведени од студентите и од професорите. Ова истражување е спроведено во рамките на предметот Деловно право за потрошувачките договори. Покрај ова, презентирани се и резултати од проект за меѓународно право на правото на морето. Промовираме и два учебника на проф. д-р Војо Беловски и на проф. д-р Андон Мајхошев истакна продеканката на Правниот факултет, проф. д-р Борка Тушевска.

На презентацијата беа присутни и професорите кои се автори на двете книги и промотори на овие учебници.

- Ги промовираме книгите „Решавање на колективните работни спорови“, на којашто сум автор, и „Работните односи“ од професорот Војо Беловски. Овие книги се дел од предметот Трудово право, со што се збогатува литературата за овој предметистакна проф. д-р Андон Мајхошев.

Светскиот ден на науката - 10 ноември се прославува од 2001 година со Резолуција на УНЕСКО и секоја година ја слави науката за мир и развој.

Последен пат изменето на Четврток, 10 Ноември 2016 14:48
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…