ФМН организираше Симпозиум за стоматолошка едукација

Факултетот за медицински науки - студии по дентална  медицина  при Универзитет „Гоце Делчев” – Штип и оваа година учествува во континуираната стоматолошка едукација на докторите стоматолози во Р. Македонија.

Во организација на Катедрата за орална и максилофацијална хирургија и  дентална имплантологија, минатиот викенд се одржа Симпозиум (петти по ред) со наслов „ДЕНТОФАЦИЈАЛНА ЕСТЕТИКА – СОВРЕМЕНИ ПРИСТАПИ И РЕШЕНИЈА“.

Симпозиумот беше акредитиран од стручната комисија при Стоматолошката комора на Р. Македонија со 8 бода за пасивно и 12 бода за активно учество.

Поканети предавачи имаше од Романија, Грција, Бугарија и Р. Македонија. Учествуваа следниве предавачи:

  • проф. д-р Владимир Поповски – d-r Vladimir Popovski;
  • д-р Александру Јонеску – d-r Alecsandru Ionescu;
  • д-р Василеиос Панагопоулос – d-r Vasileios Panagopoulos;
  • доц. д-р Софија Царчева-Шаља – prof. d-r Sofija Carcheva Shalja;
  • д-р Бојана Бјанова – d-r Bojana Bjanova;
  • д-р Бранимир Кирилов – d-r Branimir Kirilov;
  • д-р Софиен Риахи – d-r Sofien Riahi.

Истиот наиде на голем интерес од страна на докторите стоматолози од Р. Македонија и на голем број позитивни критики.

Факултетот за медицински науки и во иднина ќе организира вакви слични или поголеми конгреси и симпозиуми, како за доктори така и за студенти.

Последен пат изменето на Понеделник, 14 Ноември 2016 12:43
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…