(Видео) Правниот факултет ја одбележа 25-годишнината од донесувањето на Уставот на РМ

Правниот факултет при УГД денес одржа трибина на која го одбележа 17 ноември, денот на донесувањето на првиот Устав на независна Република Македонија. Со промоција на книга и со трибина на истакнати професори по уставно право и креатори на Уставот на РМ, денес се одбележа овој ден. Предавачи на трибината беа проф. д-р Владо Поповски, учесник во создавањето на Уставот на Р. Македонија и проф. д-р Светомир Шкариќ, професор по Уставно право.

Македонскиот Устав издржа 25 години и беше направен согласно со времето во кое живеевме тогаш. Сигурно дека има одредени недостатоци кои би можеле да се коригираат, со цел подобро функционирање на општеството. Но тогаш како што беше донесен ги исполнуваше сите критериуми истакна проф. д-р Владо Поповски.

Професорот Шкариќ истакна дека има одредени недостатоци во Уставот во смисла на правата на граѓанинот.

Треба да се погледнат добро одредбите во Уставот за гарантирање на правото на граѓанинот за употреба на својот јазик пред суд и пред државните органи. Тоа е стандард во целокупното споредбено право и треба да биде стандард и во Македонија истакна меѓу другото професорот Шкариќ.

Покрај излагањата на професорот Шкариќ, на оваа трибина имаше и промоција на книгата „Создавањето на независна Република Македонија: Внатрешни состојби и надворешна политика“ од авторите доц. д-р Дејан Маролов и м-р Оливер Митев. Промотор на оваа книга беше проф. д-р Страшко Стојановски. Целиот настан заедно со промоцијата на книгата, излагањата и дискусијата со присутните, кои беа заинтересирани за оваа проблематика, можете да ги погледнете во видеата подолу.

Видео

 

 

 

Последен пат изменето на Петок, 18 Ноември 2016 10:37
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…