Професори од ФМН добија трета награда на меѓународна конференција во Дубаи

Професори од УГД со своја презентација на научен собир во Дубаи освоија трета награда. Стaнува збор за Интернационален научно-стручен собир „Roots-Summit 2016“ во Дубаи, Обединети Арапски Емирати, на кој учествуваа повеќе од 100 земји од целиот свет.

Собирот беше во организација на Dental Tribune International и Dubai-based Centre for Advanced Professional Practices и е акредитиран од Американската дентална асоцијација (ADA), а свои теми имаа еминентни имиња од областа на ендодонцијата и оралната хирургија.

Проф. д-р Цена Димова учествуваше со своја презентација под наслов „THE USE OF ELECTRONIC MICROSCOPY IN ROOT APEX MORPHOLOGY OF MAXILLAR AND MANDIBULAR PREMOLARS“ и ја доби третата награда на овој собир. Коавтори на трудот се ас. д-р Јулија Заркова, ас. д-р Катерина Златановска и доц. д-р Сања Нашкова. Следен ваков собир ќе се одржи во 2018 година во Берлин, Германија.

Последен пат изменето на Вторник, 27 Декември 2016 13:39
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…