(Видео) Тренинг курс за радиофармација на лекари од Африка

Меѓународната агенција за атомска енергија во соработка со Универзитетот „Гоце Делчев“ организираат двомесечен курс за радиофармација во Штип. Посетители на курсот се професионалци, радиофармацевти од Африка, а во Штип ќе се обучуваат од професорите на Универзитетот „Гоце Делчев“. Координатор на овој проект е проф. д-р Емилија Јаневиќ-Ивановска, која истакна дека овој проект е од големо меѓународно значење.

Ова е еден голем проект за нас и за Агенцијата за атомска енергија, бидејќи во африканските земји станува интензивен развојот на нуклеарна медицина и примена на радиоактивни изотопи во медицината. Како интегрален дел е и делот на примена на радиоактивни изотопи во фармацијата каде што треба кадар кој е добро едуциран. Агенцијата имаше доволна доверба во нас како Универзитет и ни ги довери овие луѓе на обука. Сега имаме група од 22 дипломирани фармацевти. Секоја држава од Африка делегираше по еден член од својата земја. Јас се надевам дека ќе бидат задоволни со знаењето што ќе го добијатизјави проф. д-р Емилија Јаневиќ-Ивановска

Предавачи се професорите и експертите од Универзитетот „Гоце Делчев“, односно од Факултетот за медицински науки, но ќе има предавачи и од Британија, Италија, Австрија и претставници од Агенцијата за атомска енергија. Предавач беше и деканот на Факултетот за медицински науки, проф. д-р Рубин Гулабоски, кој истакна дека доверувањето на еден ваков проект на ФМН е доказ дека овој факултет има капацитети кои се меѓународно признати.

Треба да се има предвид дека на овој факултет (Факултет за медицински науки) имаме двајца од десетте најцитирани автори во Македонија и имаме опрема со која можеме да бидеме конкурентни на светско ниво. Се прават експерименти на коишто многу центри можат да завидат. Довербата што ја добивме од Агенцијата за атомска енергија од Виена е доказ дека тие ги знаат предусловите и капацитетите на овој Факултет и затоа тие школи се одржуваат на нашиот Факултетистакна деканот на ФМН, проф. д-р Рубин Гулабоски

Покрај задоволството кое го искажуваат предавачите и професорите, задоволство искажаа и посетителите. Тие велат дека условите и предавањата се многу добри и ќе им бидат корисни во нивната работа во Африка.

Ова е многу корисно за нас. Се надевам дека ќе го применам ова кога ќе се вратам во мојата држава и генерално сум задоволна од предавањатаизјави Мона од Египет

Предавањата се многу интересни и инфраструктурата на вашиот факултет е подобра од кај нас. Се надевам дека ќе успеам да понесам многу знаење со мене, а можам да забележам дека и колегите се задоволниизјави Се Ку Ба од Мали

Дел од тренинг курсот опфаќа и практична настава што ќе се одржува во клиниките во Скопје и во ПЕТ центарот кој е, исто така, дел од Универзитетот. Курсот ќе трае два месеца и по завршувањето сите учесници ќе полагаат испит преку кој ќе се здобијат и со меѓународно признати сертификати.

 

Последен пат изменето на Четврток, 26 Јануари 2017 14:44
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…