Објавен вториот број од Student’s Social Science Journal и објавен Повикот за третиот број

Меѓународното научно списание за студенти насловено како „Student’s Social Science Journal“ неодамна излезе од печат. Списанието содржи научни трудови од студенти и се објавува од неодамна во рамките на Правниот факултет на УГД. Најновиот број на ова списание може да се најде на следниов линк http://js.ugd.edu.mk/index.php/sssj.

Воедно, Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип го објавува Повикот за доставување на трудови за третиот број на списанието „Student’s Social Science Journal“ наменет за студентите запишани на прв, втор и трет циклус студии. Списанието е од областа на правните, политичките и социолошките науки и во него може да се објавуваат стручни и научни ракописи. Во списанието може да се објавуваат трудови на македонски, англиски, руски, српски, хрватски и италијански јазик. Списанието има меѓународен уредувачки одбор и е отворено и за странски студенти. Списанието се објавува два пати годишно, во април и во октомври.

Котизацијата за објавување на трудови изнесува 20 евра во денарска противвредност и трудовите треба да бидат проследени со препорака за објавување од страна на професор од Универзитетот од каде што доаѓа авторот-студент. Студентите кои се запишани на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип се ослободени од плаќање.

Повикот за доставување на трудови за вториот број на „Student’s Social Science Journal“ e до 15 март 2017 година. Трудовите треба да се достават на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Правилата за изработка на трудовите се составен дел на овој повик. За дополнителни информации обратете се на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Документи:

Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…