Конкурс за кофинансирање на заеднички македонско-кинески научноистражувачки проекти за периодот 2018 – 2019 година

Државните универзитети во нивните единици насочени кон наука  (научни институти) и во единици насочени кон образование засновано на наука (факултети), јавните научни установи, мешовити научни установи, приватни високообразовни установи, приватни научни установи, самостојни  истражувачи, МАНУ и научни центри на извонредност можат да конкурираат за кофинансирање на заеднички македонско-кинески научноистражувачки проекти за периодот 2018 – 2019 година.

Истражувачкиот тим на научноистражувачкиот проект треба да е составен од главен истражувач, со научно односно наставно-научно звање, кој е вработен во установата носител на проектот и најмалку уште еден истражувач со научно или наставно-научно звање, евидентирани во базите на податоци за научни истражувачи на Министерството за образование и наука, како и најмалку дваjца млади истражувачи, од кои еден активен постдипломец или докторанд.

Целиот Конкурс е објавен на веб-страницата на Министерството за образование и наука.

Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…