(Видео) Лекари од САД одржаа предавање за резистентноста на антибиотици

Д-р Брајан Вајт од Сан Антонио, САД, денеска пред студентите на Факултетот за медицински науки при УГД одржа предавање за отпорноста на антибиотици и опасноста од оваа појава.

Д-р Вајт истакна дека соработката е воспоставена со Факултетот и со Универзитетот и дека темата е многу интересна и актуелна.

Дојдов по покана на деканот и Факултетот за да зборувам за отпорноста на антибиотици, како ги препишуваме антибиотиците и како да ја намалиме резистентноста. Ова е голем и глобален проблем, ние имаме ваков проблем во САД, има во Европа и секако во Македонија. Секоја држава има своја национална стратегија. Македонија само што го заврши планот за следните пет години и веќе се работи нов стратегиски план за следните пет годиниистакна д-р Брајан Вајт

Деканот на Факултетот за медицински науки истакна дека професори и експерти од УГД веќе работат на овој проблем и се вклучени во изработка на националните стратегии.

Професорката Милка Здравковска, професорот Вело Марковски и професорот Васо Талевски се активни учесници во телото за превенција и спречување на овој проблем. Тие со свои експертизи помагаат да се спречи прекумерната употреба на антибиотиците. Мислам дека свесноста за овој проблем кај обичното население станува сѐ поголема и веќе има ефектиизјави проф. д-р Рубин Гулабоски

Предавањето денес се одржа во Кампус 2 на УГД, а во живо можеше да се следи на Фејсбук страницата на Универзитетското радио.

 

Последен пат изменето на Среда, 22 Февруари 2017 15:18
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…