Инфо ден за програмата на Европскиот истражувачки совет

Министерството за образование и наука во соработка со Европската комисија на 24 март 2017 година, со почеток во 9 часот, во просториите на МАНУ организираат Инфо ден за програмата на Европскиот истражувачки совет во рамки на Европската програма за истражување и иновации – „Хоризонт 2020“.

За време на презентацијата претставници на Европскиот истражувачки совет ќе се осврнат на можностите, односно грантовите за финансирање на истражувања во повеќе категории кои ги нуди програмата, критериумите за аплицирање, процедурите за поднесување на предлог-проекти и процесот на евалуација на предлог-проектите.

Заинтересираните учесници можат да се пријават на следниве електронски адреси: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Подетални информации може да се обезбедат на телефонските броеви 076 485 045 и 076 485 058.
Бројот на учесници е ограничен на 120. Такa што, присуството на заинтересираните ќе биде овозможено според времето и редоследот на регистрација.

Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…