(Видео) Предавање за хомеопатија на Факултетот за медицински науки при УГД

Џорџ Патапатиу, претставник од Интернационалната академија за хомеопатија во Грција, денеска одржа предавање пред студентите на Факултетот за медицински науки при УГД. Деканот на ФМН, проф. д-р Рубин Гулабоски, истакна дека хомеопатијата можеби е иднината на медицината.

  • Она што денес ќе го видиме е претставување на основните принципи на хомеопатијата, но и студиските програми за хомеопатија кои господинот Џорџ ќе ни ги претстави. Тој ќе ни претстави како може да се студира хомеопатија, на кој начин и кои се поволностите на тоа студирање. Хомеопатијата нема да биде воведена многу брзо, но развојот и ефектите од оваа алтернативна медицина во голем број делови на медицината се фасцинантни. Можеме слободно да кажеме дека можеби ќе биде една од гранките на медицината на 21 век што ќе донесе најголем прогрес на медицината - изјави проф. д-р Рубин Гулабоски.

Претставникот од Грција истакна дека би сакал да ја прошири идејата за хомеопатијата на УГД и дека соработката со УГД дополнително ќе се проширува.

  • Сакаме да воспоставиме контакт со вашиот универзитет и да видиме дали можеме да ви го споделиме знаењето за да им помогнеме на пациентите. Ќе имаме и други состаноци со надеж дека ќе ја продолжиме соработката - изјави Џорџ Патапатиу од Интернационалната академија за хомеопатија во Грција.

Предавањето се одвиваше во свечениот амфитеатар на Кампус 2, а целосното предавање може да се најде на следниов линк.

Последен пат изменето на Вторник, 11 Април 2017 09:15
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…