Професор од ФПТН дел од меѓународен истражувачки проект за минерали

Во рамките на научноистражувачкиот проект „Продукти на распад на цврст руднички отпад од Sb-As-(-Cr) наоѓалиштето Лојане (Република Македонија)” помеѓу Република Македонија (Факултет за природни и технички науки) и Австрија (Оддел за минералогија и кристалографија, Универзитет во Виена), проф. д-р Горан Тасев  од ФПТН реализираше научен престој во Виена.

До стегосаурусот во холот на Факултетот за науки за Земјата, географија и астрономија (во чии рамки е Одделот за кристалографија и минералогија)

До Bruker D8 Advance рендгенскиот дифрактометар при Одделот за кристалографија и минералогија

Кон главниот влез на Природно-научниот музеј во Виена, Австрија

Примерок на лорандит од Алшар, Р Македонија, во витрините на Природно-научниот музеј во Виена, Австрија (постојана минералошко-кристалографска поставка)

Примерок на лорандит од Алшар, Р Македонија, во витрините на Природно-научниот музеј во Виена, Австрија (постојана минералошко-кристалографска поставка)

Носител на овој проект од Македонија е проф. д-р Тодор Серафимовски, а од Австрија е доц. д-р Тамара Ѓорѓевиќ.

Во рамките на научниот престој, проф. Тасев и колегите доц. д-р Тамара Ѓорѓевиќ, д-р Уве Колитч и д-р Дан Топа (Природно-научен музеј во Виена - втората институција партнер во проектот од австриска страна) работеа на одредба на фазите на распад на примероци од наоѓалиштето Лојане, земени при теренската посета на локалитетот во декември 2016 година. На скенинг електронскиот микроскоп и електронската микропроба за првпат на овој локалитет беа одредени нови преодни минерални фази, чии дополнителни испитувања ќе се направат во периодот што следува, но и на нови примероци кои би требало да бидат земени во мај 2017 година, за кога е планирана теренска посета на австриската група во Република Македонија.

Последен пат изменето на Вторник, 18 Април 2017 14:10
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…