ФТБЛ организираше меѓународна конференција за туризам, економија и бизнис логистика

На 27.5.2017 година, Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип организираше Научно-стручна конференција на тема „Состојби и перспективи во туризмот, економијата и бизнис логистиката“, која се одржа во просториите на Кампус 4. Овогодишната конференција, која е втора по ред, имаше меѓународен програмски одбор.

На Конференцијата учествуваа 40 учесници од земјава и од странство (Бугарија, Грција и Косово), најголем дел студенти на втор и трет циклус студии на ФТБЛ, како и учесници од други универзитети и институции. Научните и стручни трудови кои беа презентирани на Конференцијата се поврзани со проблематиката од областа на туризмот, економијата и логистиката. Од Конференцијата ќе биде публикуван зборник на трудови.

 

Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…