Завидни постигнувања на научноистражувачката дејност на УГД

Научноистражувачката работа има свое значајно место на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, за што постои Научноистражувачки центар со повеќе лаборатории во својот состав.

Тоа се: Лабораторија за електронска микроанализа, Лабораторија за испитување на квалитетот на храната, Лабораторија за подготовка на микроскопски примероци, Лабораторија за радиофармација, Мобилна лабораторија за животна и работна средина УНИЛАБ, Лабораторија за дигитални ресурси и отворен пристап, Лабораторија за стоматолошка научноистражувачка работа и Лабораторија за роботика и интелигентни системи. Ресурсите и услугите на овие лаборатории се достапни и за истражувања кои му се потребни на стопанството во државата со што, покрај научните резултати и достигнувања, истражувањата наоѓаат и своја практична примена. На УГД се спроведуваат вкупно 357 меѓународни, национални и апликативни научноистражувачки проекти, а од 2014 година до денес се реализирале и 92 проекти од сопствени средства од Фондот за научноистражувачка работа на УГД. Во проектите веќе се вклучуваат и студенти кои можат да аплицираат и со сопствени проекти.

Во рамките на научноистражувачката дејност се објавени 5.828 труда во меѓународни и домашни списанија, наставничкиот кадар има објавено 994 книги, учебници, монографии, скрипти и практикуми, а учествувал и со 3.117 труда, постери, презентации и предавања на меѓународни и национални конференции, конгреси, семинари и работилници.

Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…