Одржан Симпозиум за традиционална кинеска медицина

Факултетот за медицински науки при УГД денес одржа еден од првите симпозиуми за кинеска медицина на овие простори.

- На нашиот универзитет постои Центар за традиционална кинеска медицина. Постои професор кој ординира веќе втора година со неколку студенти. Денеска имаме излагање за „тои на“ масажа, диетална масажа, акупунктура и многу други. Имаме одлична соработка со Амбасадата на НР Кина во РМ која го поддржа овој настан на кој ќе имаат излагања студенти и професори на теми поврзани со традиционалната кинеската медицина - истакна деканот на Факултетот за медицински науки, проф. д-р Рубин Гулабоски.
Многу малку од земјите во Европа ја имаат имплементирано и инкорпорирано и официјално признато традиционалната кинеска медицина како дел од нивните закони за здравствена заштита. Универзитетот „Гоце Делчев“ ја истакнува поддршката за вакви настани кои се во насока на промовирање на новите трендови во медицината.

- Би сакал да истакнам дека ние во целост го поддржуваме овој настан и напорите на деканот проф. д-р Рубин Гулабоски за промовирање и имплементирање на традиционалната кинеска медицина во наставните процеси - истакна ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев. Овој симпозиум се одржа во Мултимедијалниот центар на УГД, а побуди и голем интерес кај студентите на Факултетот за медицински науки.

- Во здравствените системи на голем број земји традиционалната кинеска медицина не е призната, но како што минува времето и како што се гледаат успесите во светот, така сѐ поголем дел од европските земји ја имплементираат оваа гранка во здравствените системи - вели деканот Гулабоски.

Студентите заедно со професори од Кина работеа на заеднички истражувања во оваа област.

- Јас бев дел од истражување предводено од професорот Ихе Жу кое се однесува на влијанието на акупунктурниот третман врз болката. Впрочем, и СЗО потврдува дека акупунктурата е докажан метод за лекување не само на болката туку и на 140 други болести. Во таа насока треба да направиме јасна дистинкција за тоа што значи традиционална кинеска медицина и што значи алтернативна медицина. Кинеската медицина во никој случај не е алтернативна и со неа не треба да се занимаваат некакви билкари, туку исклучиво обучен медицински персонал кој освен што ќе ја познава акупунктурата одлично ќе ја познава и природата и патологијата на болестите кои се третираат - вели студентот Мартин Каровски од Факултетот за медицински науки при УГД.

Традиционалната кинеска медицина од пред неколку години се изучува на Универзитетот „Гоце Делчев“, а лекари директно од Кина постојано ги обучуваат професорите и студентите на УГД.

Видео

Последен пат изменето на Среда, 06 Декември 2017 15:28
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…