(Видео) УГД организираше Форум за изнаоѓање решенија за аерозагадувањето

Универзитетот „Гоце Делчев“ со својот тим од експерти и во соработка со UNDP и Министерството за животна средина и просторно планирање денес организираше Форум на кој се дискутираше за изнаоѓање решенија за аерозагадувањето. На Форумот присуствуваа научници од УГД заедно со заменик-министерот за животна средина на РМ, Јани Макрадули, кој покажа посветеност за решавање на овој сериозен проблем.

- Добро е што серијата форуми за аерозагадувањето ја завршуваме со, според мене, најважните, а тоа е научната фела. Овде на УГД постои сериозна лабораторија и наставна програма која се занимава со ова и учествува во анализите на аерозагадувањето. Како човек кој е дел од универзитетската фела би сакал да го изразам моето задоволство од она што го видов на УГД во Штип, а особено сум задоволен од она што е направено како анализи и активности во делот на борбата за здрава животна средина и од лабораториите што ги поседува овој универзитет. Треба да имаме предвид дека фактите и науката се непобитни и оттаму треба да тргнуваме кога ги почнуваме нашите активности - истакна заменик-министерот за животна средина, Јани Макрадули.

Ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев, истакна дека Универзитетот во Штип со право може да се каже дека е лидер во оваа област во државата.

- Ние како универзитет секогаш сме општествено одговорна институција која сака да го сподели знаењето со граѓаните и во нивен интерес. Во оваа пригода сакам да кажам дека нашите сознанија кои се однесуваат на животната средина се достапни и јавни, и секогаш ќе биде така, во интерес на подобро знаење и подобро живеење на граѓаните и за тоа нема да бараме никаков надомест од никого - изјави ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев.

Проректорот на Универзитетот, проф. д-р Дејан Мираковски, директно е вклучен во огромниот број истражувања што УГД ги прави во насока на мерење на квалитетот на воздух и донесување на акциски мерки за подобрување на квалитетот на воздух.

- Начинот на греење со биомаса е проблемот за загадување во Скопје. Според нас, овој фокус ќе овозможи да се подобруваат состојбите, ако го решаваме како проблем. Во однос на воздухот во затворен и на отворен простор, воздухот се разликува драстично и ние имаме мерења во таа насока кои се надевам ќе помогнат во донесување на одлуките - изјави проф. д-р Дејан Мираковски.

На форумот свои излагања имаа голем број експерти, професори, претставници на МАНУ и претставници од невладиниот сектор, кои понудија голем број решенија за да можат жителите на Скопје и на Македонија да дишат почист воздух. Едно од главните решенија е отстранување на греењето на дрва во домовите.

Последен пат изменето на Петок, 29 Декември 2017 11:33
Одбележен под
Share this article
Повеќе во оваа категорија: « Пет години „Balkan Social Science Review“

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…