Работна средба на проектот „Биоотпад“

Во петокот (26.1.2018 година), во Општина Пробиштип беше одржан координативен состанок по проектот „Биоотпад“.

На состанокот присуствуваше комплетниот проект менаџмент тим на УГД и Општина Пробиштип со проект менаџерот м-р Васко Златковски, техничките лица за проектот проф. д-р Ѓорѓи Димов и Марјан Михајлов и проф. Такис Манијос од Техничкиот институт во Крит. Клучна расправа водеа техничките лица и двајцата експерти од Универзитет „Гоце Делчев“, проф. д-р Дејан Мираковски и проф. д-р Марија Хаџи-Николова, со техничките лица, претставници од Општината, директорот на комуналното претпријатие за собирање отпад и сопствениците на хотелите вклучени во проектот. Главната дискусија беше за поедноставување на системот „плати колку ќе фрлаш“ и локацијата на автокомопостерите кои ќе го преработуваат биоотпадот до биоѓубриво.
Идејата за лоцирање на автокомпостерите е дел од една подолгорочна визија за промена на навиките на луѓето - селекција, сепарација и рециклирање на отпадот. Иако Општина Пробиштип би била пилот-проект во Македонија, истата добра пракса може да се преслика во сите општини низ Македонија.

„Биоотпад“ е проект финансиран од Европската комисија според  програмата Балкан - Медитеран. Вреден е 1 300 000 евра и трае 24 месеци. УГД е вклучен во тимот менаџирање, технички лица и експертиза.

Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…