Земјоделскиот факултет продолжува со настаните за дисеминација на софтверските алатки за добра земјоделска пракса

Земјоделскиот факултет со поддршка од Факултетот за информатика, Центарот за е-учење, активно продолжува да ја презентира онлајн апликацијата, како и мобилните апликации, направени во рамките на  програмата Еразмус +, со цел да им се помогне на земјоделците во нивното производство.

Настаните за дисеминација на резултатите од проектот беа одржани во Берово и во Кавадарци, каде што заинтересираноста за настаните проценета во однос на посетеноста беше на завидно ниво.

Настанот во Хотел „Манастир“ во Берово го отвори деканот на Земјоделскиот факултет, проф. д-р Љупчо Михајлов, кој со поздравен говор до сите присутни ја нагласи потребата од дисеминација на резултатите и вмрежување на производителите и високообразовните институции како неопходна алка во синџирот на земјоделското производство.

Проф. д-р Зоран Здравев, како раководител на проектот но и на Центарот за е-учење при УГД, даде целосна поддршка на она што е направено досега но и за во иднина во одржување на оваа онлајн база, како и мобилните апликации.

Раководителот на Катедрата за заштита на растенијата и животната средина, проф. д-р Саша Митрев, истакна дека идејата како и основата на базата за добра земјоделска пракса постои од самиот почеток на Земјоделскиот факултет, но во координација со Центарот за е-учење базата сега се појавува во комплетна верзија достапна бесплатно за земјоделците.

Идејата е базата и во иднина да се надградува, зависно од потребите на производителите.

Што се однесува до настанот организиран во Кавадарци, особено беше предизвикан голем интерес кај индивидуални земјоделски производители, агрономи од подрачни агенции за развој на земјоделието, органски производители, студенти на Земјоделски факултет, но и средношколци од средното Земјоделско училиште во Кавадарци.

Настанот во Кавадарци беше организиран и воден од страна на доц. д-р Емилија Арсов од Земјоделски факултет, со поддршка на претседателот на Федерацијата на фармери на органски производи, Ѓорѓи Хаџи Котаров, како партнер-институција и активен учесник во проектот.

Базата УНИЛАБ +, база на болести, штетници, плевели и мерки за нивна заштита (пестициди), е лесна онлајн алатка за пребарување и користење, достапна на следниов линк http://obp.ugd.edu.mk/“, презентираше доц. д-р Емилија Арсов.

 „Начинот на инсталирање и користењето на мобилната апликација Агрохемиски калкулатор за ѓубрење може да се провери на следниов линк https://play.google.com/store/apps/details?id=com.kalkulator.agrohemiski, корисна мобилна алатка за проверка на начинот на ѓубрење на почвата со претходно направена анализа во акредитирана лабораторија како УНИЛАБ“, потенцираше проф. д-р Фиданка Трајкова.

Овие настани ќе продолжат и понатаму, поради потребата на производителите од совети од стручни лица за нивно поквалитетно земјоделско производство.

Од друга страна овие настани придонесуваат за поголема информираност на земјоделците, но и средношколците наши идни студенти како и тековните студенти на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, со современите софтверски решенија, мобилни апликации достапни за секој без дополнителни трошоци.

 

Последен пат изменето на Понеделник, 26 Март 2018 12:12
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…