Прв Конгрес на студенти по општа медицина при ФМН – УГД

Почитувани колеги,

Имаме голема чест и задоволство да Ве поканиме на првиот Конгрес на студенти по општа медицина при ФМН – УГД.

Овој настан претставува можност за амбициозни студенти и млади лекари да ја демонстрираат својата работа преку усни и постер презентации од полето на претклинички и клинички предмети, практична работа во работилници и присуство на предавања од реномирани професори. Конгресот ќе биде одлична можност за проширување на теоретските и практични знаења, стекнување на нови колегијални пријателства, а истиот ќе се одржи на 9 и 10 мај 2018 година во Мултимедијалниот центар – Штип (Економски факултет). Инспирирани и полни со ентузијазам, Ве покануваме на соработка. Учеството на конгресот ќе биде слободно за сите студенти на медицина и млади лекари од земјава и околните држави.

Сите заинтересирани студенти може да се пријават на следниов линк: 

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLScAHRh1MuyNettVjQjiLMQ1lguxe3pEP1uS3AT4ReFV-4mMOg/viewform

Правилникот за пишување на апстракт може да го погледнете тука.

Правилникот за изработка на усна и постер презентација може да го погледнете тука.

За повеќе информации на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Апстрактите испратете ги на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Следете нѐ на социјалните мрежи: @skom.ugd

Со почит,

Организациски одбор на студенти по општа медицина при УГД – Штип

Последен пат изменето на Понеделник, 02 Април 2018 12:51
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…