Меѓународна конференција „Современо воспитание и образование – состојби, предизвици и перспективи“

Шести пат по ред Факултетот за образовни науки ја организира Меѓународната научна конференција на темата за современото образование и воспитание. Конференцијата ги собра научниците за образование и образовни политики од регионот и заедно со експертите од УГД разговараa за предизвиците во образованието и можните решенија.

  • Ова е синтеза на два настана кои третираат научноистражувачки проблеми во сферата на образованието. Тоа е стручна конференција и трибина на нашиот факултет. Овој пат конференцијата ја организираме во соработка со Факултетот по педагогија при Југозападниот универзитет „Неофит Рилски“ во Бугарија и Педагошкиот факултет при Приморскиот универзитет во Копер, Словенија. За оваа конференција има 53 научно-стручни трудови кои третираат актуелни прашања од сферата на образованието. Особено теми за новите улоги на наставниците, интервенциите во програмите за основно и за средно образование, има трудови кои третираат прашања и од областа на мултикултурализмот и интеркултурализмот и инклузивното образование. Прашања поврзани со ИКТ во образованието и многу други. Се надеваме дека ќе дадеме одговори на многу прашања кои ги има образованието - изјави деканката на Факултетот за образовни науки, проф. д-р Соња Петровска.

На научната конференција беа присутни и претставници од другите универзитети коорганизатори на овој настан, кои исто така претставија дел од своите трудови. Конференцијата се одржува денес и утре во просториите на Правниот факултет и Факултетот за образовни науки.

Последен пат изменето на Петок, 11 Мај 2018 14:55
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…