Проф. д-р Ленче Милошева учествуваше на семинари за експерти од областа на психотерапијата, клиничката психологија и психијатријата

Во изминатите две недели, во Белград, во организација на д-р Зорица Мариќ, интернационален супервизор и РЕБТ психотерапевт, директор на РЕБТ Центар во Белград, придружница на Институтот „Алберт Елис“ во Њујорк, се случија два големи настани за експертите од областите на психотерапијата, клиничката психологија и психијатријата.

На 15 и 16 септември 2018 г., проф. В. Драјден од Универзитетот во Лондон одржа сертифициран семинар - тренинг работилници насловени „Cognitive-Behavioural Coaching“.

На 22 и 23 септември 2018 г., проф. Кристин Дојл (St. John’s University),  директор на Институтот „Алберт Елис“ во Њујорк, одржа сертифициран семинар - тренинг работилници насловени „REBT/CBT for individuals with eating disorders and body image problems“.

Проф. д-р Ленче Милошева, советник за наука и научна соработка на УГД, редовен професор на Факултет за медицински науки, активно учествуваше на овие семинари. На семинарите, исто така, се разговараше за можностите за научна соработка и за развој на РЕБТ и КБТ психотерапијата и коучингот за првпат во Р. Македонија на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип.

Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…