Студент на ФМН со најдобра презентација на меѓународен конгрес во Бугарија

Студентот Коста Замановски од Факултетот за медицински науки при УГД ја доби наградата за најдобра постер-презентација во сесијата за неврорехабилитација на четвртиот национален конгрес во Бугарија.

Станува збор за национален конгрес организиран од Бугарската асоцијација по невросонологија и мозочна хемодинамика што се одржа истовремено со сателитниот симпозиум на тема „Иновации во медицината“. Наградата ја додели академик проф. д-р Екатерина Титјанова од Бугарија.

На настанот учествуваа преку 160 истакнати делегати, а на симпозиумот учествуваа професори и студенти од целиот Балкан.

Конгресот придружен од сателитниот симпозиум на тема „Иновации во медицината” е посветен на модерното лекување на дијабетот и дијагностиката на глиобластомата, како и на најновите и современи консензусни правила за однесување при акутен исхемичен мозочен удар. Во рамките на конгресот се организирани 4 постерни сесии со учество на 32 млади научници и студенти од многубројни медицински факултети.

Последен пат изменето на Петок, 12 Октомври 2018 13:14
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…