Проф. д-р Ленче Милошева на 23. Европски конгрес за психотерапија

Во Белград, во организација на Европската асоцијација за психотерапија се одржа 23. Европски конгрес за психотерапија.

На конгресот како поканет предавач со пленарно предавање од психијатрија и психотерапија, насловено „Рационално-емотивната бихејвиорална терапија и природата и структурата на пострауматското стресно растројство“, учествуваше проф. д-р Ленче Милошева од Факултетот за медицински науки и советник за научна соработка на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип.

Покрај одржаното пленарно предавање на конгресот, проф. д-р Ленче Милошева воспостави нови контакти со колеги од психијатрија и психотерапија, со цел развивање на нови научни соработки со Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип.

Последен пат изменето на Понеделник, 22 Октомври 2018 14:11
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…