Стручно-научна конференција  „Социјални детерминанти и здравјето на населението”

Факултетот за медицински науки при Универзитет „Гоце Делчев” – Штип на 27.10.2018 година ја одржа  Стручно-научната конференција на тема „Социјални детерминанти и здравјето на населението”.

Со добро познавање на највлијателните социјални детерминанти не само што може да се подобри индивидуалното здравје и здравјето на целата популација, туку и да се постигне еднаквост во добивањето на квалитетна здравствена заштита. Затоа, целта на оваа конференција беше здравјето, во контекст на условите на заедницата, вклучувајќи ги социјалните детерминанти како основа за креирање на стратегии за надминување на проблемите и подобрување на здравјето.

На конференцијата беа презентирани доста актуелни трудови. Учествуваа: проф. д-р Елизабета Зисовска која зборуваше на тема „Влијанието на социјалните детерминанти врз перинаталното здравје; проф д-р Милка Здравковска – „Морталитетот од кардиоваскулатните заболувања кај нас и во светот”, проф. д-р Едуард Туше – „Quality of Maternal and Neonatal care in Albania”, проф. д-р Бистра Ангеловска – „Фармацевтска грижа за болни од астма; проф. д-р Снежана Стојковска –„Социјалните детерминанти на инфективните заболувања и нивното влијание врз здравјето на населението во целина; проф. д-р Билјана Илиевска-Попоска – „Социјални детерминанти кај болните од туберкулоза; доц. д-р Аспазија Софијанова и Ана Фрицханд  – „Морални и биоетички прашања на одделенијата за критично болни пациенти. Исто така, учествуваа и студенти на трет циклус студии: ас. д-р Марија Димитровска-Иванова – „Социјални детерминанти и акутен гастроентеритис во детската возраст и д-р Мирела Василева – „Најчести дерматолошки заболувања кај лица во ниски социоекономски услови со посебен осврт на паразитарни и бактериски инфекции”.

Покрај овие усни презентации, исто така имаше и учесници со постер презентации. 

Со овие теми беа пренесени многу информации за влијанието на социјалните детерминанти во секоја сфера на здравјето на нaселението, чијашто анализа би дала мал придонес во напорите за подобрување на севкупното здравје.

Последен пат изменето на Вторник, 30 Октомври 2018 08:56
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…