Трета координативна средба за проектот „Биоотпад“

Проектот „Биоотпад“, кој го реализираат Универзитетот „Гоце Делчев“ и Општина Пробиштип, како и општините Јермасоја во Кипар, Катерини во Грција и Технолошкиот институт во Крит, влегува во нова фаза од реализацијата, а по тој повод во Пробиштип се одржа средба на сите инволвирани во проектот.

Темата на средбата беше посветена на примената на системи на собирање и селектирање на отпадот со компостирање и управување со биоотпадот во туристички подрачја. На средбата беа презентирани извештаите на сите учесници за досегашните активности во проектот. Инаку, Oпштина Пробиштип преку овој проект ќе добие опрема за осовременување на возилата на Јавното комунално претпријатие и самостојни компостерски единици. Граѓаните ќе добијат и биоразградливи вреќи, како и канти за отпадоци со вградени чипови и самите ќе го селектираат отпадот на биолошки и цврст отпад. Истите ефекти се очекуваат и во останатите општини учесници во проектот, да се намали количеството на отпад кој ќе треба да биде третиран, дел од него и да се компостира и преработува, со што всушност ќе се придонесе и за почиста животна средина. Исто така, ќе се намалат и трошоците на објектите, бидејќи ќе се плаќа по принципот плати колку што фрлаш. 

Средбата во Пробиштип беше можност да се сретнат и градоначалниците на општините учесници во проектот. Проектот е некаде на половина од својата реализација, ќе трае до септември 2019 г., па учесниците се договорија и за наредните активности.

Последен пат изменето на Понеделник, 05 Ноември 2018 08:24
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…